26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВо Сомалија сè поголем број деца умираат од глад

Во Сомалија сè поголем број деца умираат од глад

Во Сомалија сè поголем број деца умираат од глад поради најголемата суша во земјата во последните 40 години, објави денеска Би-би-си.

Претставниците на сомалиската влада предупредуваат дека таа земја може да ја снајде уште поголема катастрофа во наредните денови доколку не пристигне поголема помош од меѓународната заедница.

Во Сомалија повеќе од две третини од децата и бремените жени, раселени поради суша и во кампови, страдаат од акутна неисхранетост, а процентот на смртни случаи поради глад е висок, што покажува дека декларацијата против глад во таа земја усвоена од Обединетите нации задоцнила.

Повеќе од половина од населението на Сомалија, кое е погодено од актуелната суша, се наоѓа во областите контролирани од терористичката група Ал Шабаб, што го отежнува доаѓањето на храна и лекови до тие области.

Затоа е планирана испорака на помош по воздушен пат.

Американскиот Стејт департмент неодамна испрати нова финансиска помош за Сомалија, пренесуваат медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП