25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија очекува рекордни приходи од трговијата со енергија

Австралија очекува рекордни приходи од трговијата со енергија

Поради војната во Украина, Австралија ќе оствари рекордни приходи од извоз на енергенси, пренесува „Reuters“.

Ограничената понуда на руски природен гас ги зголемува приходите од продажба на австралиски течен гас за 29%, а јаглен за 35%, коментираат од Министерството за индустрија, наука и ресурси во земјата.

Така, заработката од извозот на енергетски ресурси се очекува да се зголеми за 7% до рекордни 450 милијарди австралиски долари или 290 милијарди американски долари во фискалната година што завршува јуни 2023-та година.

На овој начин Австралија ќе може да го надмине намалениот извоз на железна руда и јаглен што се користат во металургијата, кои страдаат од намаленото глобално производство на челик.

Во анализата на австралиското министерство се вели дека цените на енергијата би можеле да пораснат во зимските месеци доколку температурите се спуштат под нормалата.

Од средината на 2022-ра година, австралискиот јаглен стана баран во Европа поради санкциите против Русија. Така, тековите беа пренасочени од Индија, која ја окупираше европската ниша во рускиот извоз на јаглен, кон европските земји. Земјата ги зголеми и испораките на течен гас во Европа.

Институцијата, исто така, посочи дека приходот од извозот на литиум ќе се зголеми тројно на 14 милијарди австралиски долари, додека производството ќе се зголеми за 16%. Побарувачката за метал е значително зголемена бидејќи е суровина за производство на батерии за електрични автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП