23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлизу 200 милиони ноќевања за туристи во ЕУ резервирани преку онлајн платформи

Близу 200 милиони ноќевања за туристи во ЕУ резервирани преку онлајн платформи

Бројот на туристи, односно лица кои патувале во првите шест месеци од годинава е значително поголем од лани.

Во првите шест месеци од оваа година, во ЕУ се регистрирани 199 милиони ноќевања во сместувања резервирани преку Airbnb, Booking.com, групацијата Expedia или Tripadvisor, објави денеска Евростат.

Ова е зголемување за околу 138 проценти во однос на истиот период лани, а резултатите од оваа година се на ниво од 2019 година, кога од јануари до крајот на јуни имало 193 милиони ноќевања.

По постепеното закрепнување на бројот на резервации во втората половина на 2021 година, во првата половина од оваа година, резервациите за првпат го достигнаа и го надминаа нивото пред пандемијата.

Во првиот квартал се резервирани 67,4 милиони ноќевања, во споредба со 27,1 милиони во истиот период во 2021 година, кога патувањето беше во голема мера ограничено поради Ковид-19 и 64,5 милиони ноќевања во 2019 година.

Повеќе туристи од лани

Бројот на туристи се зголеми на 132 милиони ноќевања во вториот квартал, во споредба со 56,7 милиони во 2021 година и 128,8 милиони во 2019 година.

Додека споредбите со 2021 година покажуваат силно закрепнување во сите земји на ЕУ, Франција и Шпанија имаа по пет региони со повеќе од еден милион ноќевања за гости резервирани преку онлајн платформи во првиот квартал од 2022 година.

Италија имаше два региона, а Австрија, Полска и Португалија по еден регион.

На листата на 15 најдобри региони се вклучени алпските региони, како што се Тирол во Австрија и Рона-Алпи во Франција, каде во првиот квартал од 2019 година се регистрирани 42,2 отсто и 31,5 отсто од ноќевањата, соодветно.

По овие два, регионите долж Медитеранот, Прованса-Алпи-Азурниот брег, но и Каталонија и Андалузија, како и Канарските острови, се популарни меѓу туристите од почетокот на годината.

Рона-Алпи во Франција и Канарските острови во Шпанија имаа повеќе од четири милиони ноќевања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП