17 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлон Маск сепак даде понуда за Твитер

Илон Маск сепак даде понуда за Твитер

По најавата дека Илон Маск ќе продолжи со преземањето на Twitter, тргувањето со акции на оваа социјална мрежа е прекинато.

Bloomberg News објави дека милијардерот е подготвен да го купи Твитер по првичната цена што ја понуди пред неколку месеци, пред да се повлече од договорот.

Акциите на Твитер пораснаа за речиси 13 отсто пред да се запре тргувањето.

Маск, инаку, требаше да се соочи со Твитер на суд кон крајот на овој месец.

Извршниот директор на Tesla понуди да плати 54,20 долари по акција во април – во тоа време вредноста на Twitter беше проценета на 44 милијарди долари.

Неколку недели подоцна тој се повлече од договорот, наведувајќи ја загриженоста дека бројот на ботови на платформата е поголем отколку што тврдеше Твитер.

Твитер ги отфрли обвинувањата и го тужеше Маск за да го принуди да го исполни договорот.

Имаше и остар пад на вредноста на технолошките акции, вклучително и Tesla, компанијата за електрични автомобили која е во основата на голем дел од богатството на Маск.

Твитер го обвини Маск дека сака да се повлече од договорот бидејќи бил загрижен за цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП