20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛавров: Не ни е грижа дали Западот признава нови територии

Лавров: Не ни е грижа дали Западот признава нови територии

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, денеска изјави за новинарите дека на Москва не и е грижа дали Западот ќе ги признае четирите нови руски територии или не.

Лавров посочи дека „колективниот Запад“ ги уценува азиските, африканските и латиноамериканските народи, барајќи од нив да ја осудат Русија.

„Гледаме колку е инспириран Западот во своето антируско лудило. Гледаме како, јасно чувствувајќи го недостатокот на убедливи аргументи во полза на неговата позиција, се обидува да ги заплаши сите други земји, особено земјите во развој“, рече рускиот министер за надворешни работи.

Тој наведува дека огромното мнозинство земји ја разбираат позицијата на Русија во однос на ситуацијата во Украина.

„Ве уверувам, огромното мнозинство земји разбираат дека ние сме апсолутно во право, но објективно гледано, не сите имаат храброст и сила искрено да зборуваат за тоа“, рече Лавров.

Лавров заклучува дека во случајот со референдумот во Народната република Луганск и Доњецк, како и во Запорожје и Херсон, е спроведен процес кој се потпира на слободната волја на народот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП