26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ„АКО НЕКОЈ ТИ ГИ УКРАДЕ ТРКАЛАТА НА ТЕСЛА...“ На „Твитер“ изби кавга...

„АКО НЕКОЈ ТИ ГИ УКРАДЕ ТРКАЛАТА НА ТЕСЛА…“ На „Твитер“ изби кавга меѓу Маск и Зеленски по анкетата за инвазијата

Во една од понеобичните вести околу руската анексија на четири украински региони, американскиот милијардер Илон Маск предизвика онлајн расправија со претседателот на Украина, откако тој побара од корисниците на Твитер да гласаат за неговите идеи за ставање крај на инвазијата.

Во твит Маск предложи избори во окупираните региони под надзор на Обединетите нации. Тој понатаму предложи Крим да остане официјално дел од Русија „како што беше од 1783 година (до грешката на Хрушчов), да се обезбеди водоснабдување на полуостровот и Украина да остане неутрална.

„Русија ќе замине ако тоа е волјата на народот“, додаде тој.

Шефот на Тесла побара од корисниците да гласаат „за“ и „не“ за неговата идеја. Но, неговата иницијатива ги налути Украинците, реагираше и Володимир Зеленски, кој ја објави својата анкета.

„Кој Илон Маск го претпочитате?“, праша тој во објавата, нудејќи два одговори: „оној што ја поддржува Украина“ или „оној што ја поддржува Русија“.

Украинскиот амбасадор во заминување во Германија, Андриј Мелник го избра третиот одговор.

„Од***и е мојот многу дипломатски одговор на Илон Маск“, „твитна“ Мелник.

„Ако некој ги украде тркалата на вашата Тесла…“

И други европски лидери се спротивставија на предлогот на Маск, објави „Гардијан“.

„Драг Илон Маск, кога некој ќе се обиде да ги украде тркалата на вашата Тесла, тоа не го прави законски сопственик на автомобилот или тркалата. Иако тврдат дека и двајцата гласале за тоа. Само кажувам“, рече литванскиот претседател Гитанас Наузеда во објавата.

Михаило Подољак, советник на украинскиот премиер Володимир Зеленски, му одговори на Маск со, како што рече, подобар мировен план, според кој „Украина ги ослободува своите територии, вклучително и анектираниот Крим“. Според Подољак, во Русија треба да се изврши демилитаризација и задолжителна денуклеаризација, за да не може повеќе да биде закана за другите, а воените злосторници да одат на меѓународниот суд.

Се огласи и Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, кој иронично рече дека доколку се прифати планот на Маск, „Аљаска исто така треба да им се врати на Русите“.

„Таа исто така беше Руска, а Путин сака да собира руски земји. Значи, очигледно, САД треба да се обврзат и да им ја вратат Алјаска пред Русија да им објави војна. За некои е толку лесно да ги управуваат животите и земјата на Украинците“, напиша тој .

После тоа, Маск се обиде со поинаква анкета.

„Ајде да се обидеме на овој начин: волјата на луѓето што живеат во Донбас и Крим треба да одлучи дали тие се дел од Русија или Украина“, рече тој.

Маск истакна дека не му е грижа што неговиот предлог се покажал како непопуларен, укажувајќи дека се грижи што „милиони луѓе може непотребно да умрат поради суштински идентичен исход“.

За неговиот предлог досега гласале речиси 760.000 луѓе, од кои 60 отсто не се согласуваат со неговата идеја Украина да биде неутрална, а Крим да биде руски, јави Танјуг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП