Вработените во Германија ќе можат да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно да ја надминат високата инфлација. Ваква одлука донесе Бундестагот, пренесува „Капитал“.
Олеснувањето ќе важи до крајот на 2024 година. Сепак, отворено е прашањето колку работодавци воопшто ќе можат да исплатат бонуси. Претседателот на синдикатот на работодавачи, Рајнер Дулгер рече дека не сите компании се во состојба да се изложат на таков трошок.

