25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 цитати на Тони Старк (Iron Man) кои ќе ви помогнат да...

10 цитати на Тони Старк (Iron Man) кои ќе ви помогнат да изградите поголема самодоверба

Дури и ако никогаш не сте гледале филм или серија на Марвел, или ако сте жесток обожавател на DC, сигурно сте слушнале за човекот од челик, Iron Man.

Тони Старк, што е филмското име на овој суперхерој од стриповите, може да ве изнервира со неговиот сарказам, а понекогаш и ароганција, а можете и да го обожавате. Едно е сигурно, нема рамнодушни спрема него.

Во филмовите ликот на Iron Man го игра Роберт Дауни Џуниор, а Тони Старк и неговиот црвен оклопен штит се чест предмет на обожување ширум светот. Навраќајќи се уште подалеку, кога Тони Старк за прв пат беше создаден во 1963 година, Стен Ли го направи тоа во битка со себе дали може да направи симпатичен лик кој лесно може да се мрази (креатор на оружје, милијардер, научник).

Упатените знаат и дека Старк е наследник на „Stark Industries“, која развива и произведува напредни оружја, и дека освен што го спасува светот, тој на некој начин е и претприемач.

Ги собравме најдобрите цитати од говорот на Тони Старк и неколку изреки од Iron Man кои би можеле да бидат ваша мотивација во работата, самодовербата и воопшто во животот.

„Понекогаш треба да трчате пред да можете да одите.“

„Ако сте никој и ништо без одело, тогаш не треба да ни да го имате.“

„Гениј, милијардер, плејбој, филантроп“, одговори Тони Старк на прашањето кој е тој.“

„Знаете, ова се моментите кога сфаќам каков суперхерој сум јас.“

„Ова е несовршен свет, но тој е единствениот што го имаме. Ви гарантирам дека денот кога веќе нема да биде потребно оружје за да се зачува мирот, ќе почнам да правам тули и греди за болниците за бебиња.“

„Ние создаваме свои демони.“

„Ова ќе биде како да најдеш игла во најголемиот стог сено на светот… За среќа, донесов магнет!“

„Можеш да ми ја одземеш куќата, сите мои трикови и играчки, но една работа не можеш да ја одземеш – јас сум Iron Man“.

„Во толку ранлив свет како овој, ни треба нешто помоќно од било кој од нас.“

„Ако не можеме да прифатиме ограничувања, ние сме неограничени и тогаш не сме ништо подобри од лошите момци“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП