26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИсториското лансирање на ракетата што треба да ги однесе астронаутите на Месечината...

Историското лансирање на ракетата што треба да ги однесе астронаутите на Месечината е одложено до ноември

НАСА досега имаше неколку обиди за лансирање на ракетата Space Launch System (SLS), но сите овие обиди беа одложени. Додека на почетокот проблемот беше од техничка природа, односно истекување на гориво, на крајот на минатиот месец и природата се замеша и лансирањето беше одложено поради разорниот ураган Иан.

Минатата недела, американската вселенска агенција ги објави плановите за следното лансирање, односно обид за лансирање што сега можеме да го очекуваме дури во ноември. Иако не го соопштија точниот датум на лансирањето на Артемида I, познат е рокот од 15 дена во кој ракетата треба да полета во вселената. Тоа ќе биде помеѓу 12 и 27 ноември и се надеваме дека дотогаш НАСА ќе ги реши сите технички проблеми и дека временските услови ќе бидат во нивна корист.

Минатата недела, сè уште постоеше мала шанса за лансирање во октомври, но тие планови беа отфрлени по одлуката да се премести ракетата во објектот за склопување ракети на НАСА (Vehicle Assembly Building – VAB) за да се заштити од невремето. За среќа, временските услови не влијаеле на ракетата, додека некои од нејзините згради доживеале „мал продор на вода“, но не е забележана сериозна штета.

За потсетување, како дел од оваа мисија, НАСА сака да ја испрати капсулата Орион на пат околу Месечината со ракета и на тој начин да го постигне првиот чекор кон враќањето на луѓето на нашиот сателит. По оваа мисија ќе следи слична мисија, но со човечки екипаж и доколку се помине без проблеми (иако гледаме дека мисијата има големи проблеми при самото лансирање на ракетата), ќе следи слетување на Месечината. Според првите планови, тоа беше планирано за 2024 година, но потоа беше одложено за 2025 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП