17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавен падот на вработеноста во еврозоната во второто тромесечје

Забавен падот на вработеноста во еврозоната во второто тромесечје

C

Бројот на вработени во еврозоната повторно се намали во второто тромесечје, но со нешто побавно темпо, додека во Европската унија стагнираше, извести вчера европскиот статистички центар.

Вработеноста во 17-те земји кои го делат еврото паднала во периодот од април-јуни за 0,1 процент во однос на првите три овогодишни месеци, кога се намалила за 0,3 проценти, објави вчера европскиот статистички центар Еуростат.

Во целата ЕУ вработеноста во второто тромесечје стагнирала во однос на тромесечјето претходно кога паднала за 0,2 проценти.

Така, во второто тромесечје во ЕУ вработени биле 221,8 милиони граѓани, од кои 145 милиони во еврозоната.

На ниво од три месеци најголем раст на вработеност меѓу земјите за кои беа достапни податоци забележала Естонија, каде бројот на вработени порасна за 1,5 проценти. Следат Литванија и Португалија, каде вработеноста е зголемена за 0,8 проценти. Најголем пад на вработеноста е забележан на Кипар, за 2,1 процент, и во Шпанија, за 0,5 проценти.

На годишно ниво, вработеноста во второто тромесечје во еврозоната е намалена за еден процент, со истото темпо како и претходните три месеци. Во ЕУ паднала за 0,4 проценти, по 0,5-постотното намалување во претходното тромесечје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП