18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија сама ќе си ги реши проблемите

Словенија сама ќе си ги реши проблемите

slo2

Словенија за сега е подготвена сама да си ги решава своите проблеми и не е под никаков притисок да бара помош, изјави словенечкиот министер за финансии Урош Чуфер.

„Не сум почувствувал никаков притисок. Напротив, сите знаат дека имаме многу пари на сметките и дека сме подготвени сами да си ги решаваме своите проблеми“, рече Чуфер по доаѓањето на неформалната седница на Еврогрупата (министрите за финансии во еврозоната) во престолнината на Литванија, Вилнус.

Европската централна банка наводно е заинтересирана Словенија да и побара финансиска помош во рамките на Европскиот стабилизациски механизам, објави германскиот весник „Ханделсблат“.

За Словенија веќе долго време се шпекулира дека е кандидат за странска финансиска помош поради нејзиниот проблематичен банкарски сектор.

Чуфер изјави дека на седницата на Еврогрупата не очекува ништо посебно.

„Ќе ги претставиме можностите во Словенија, одлуката за ликвидација на „Пробанка“ и „Фактор Банка“, како и подготовката на буџетот за идната година“, заклучи Чуфер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП