Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опрема во Украина и ќе ја потопат нејзината црноморска флота доколку рускиот претседател Владимир Путин употреби нуклеарно оружје во таа земја, предупреди поранешниот директор на ЦИА, пензиониран армиски генерал Дејвид Петреус.
Петреус изјави за ABC News дека не разговарал со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан за веројатниот одговор на САД на нуклеарната ескалација од Русија, што претставниците на американската администрација велат дека постојано и биле доставувани на Москва.

