23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Најголемата криза за храна од 2008 година, предупредува и ММФ: Украина беше...

„Најголемата криза за храна од 2008 година, предупредува и ММФ: Украина беше меѓу првите пет извозници на жито, додека со Русија беше главен извозник на ѓубрива

Војната во Украина го наруши снабдувањето со жито и вештачко ѓубриво, предизвикувајќи ја најтешката криза за безбедноста на храната од глобалната финансиска криза во 2007 и 2008 година, соопшти Меѓународниот монетарен фонд. ММФ наведува дека околу 345 милиони луѓе се соочуваат со недостиг опасен по живот, пренесува Ројтерс.

Според новиот извештај на ММФ, 48-те земји кои се најмногу изложени на недостиг на храна се проценува дека ќе се соочат со вкупно зголемување на увозните трошоци од девет милијарди долари во 2022 и 2023 година, поради наглото зголемување на цените на храната и ѓубривата.

Ова ќе ги исцрпи резервите на многу чувствителни и погодени од конфликт земји, кои веќе се соочуваат со проблеми со платниот биланс по пандемијата на коронавирус и поскапувањето на енергијата.

„Само оваа година проценуваме дека на најекспонираните земји им требаат седум милијарди долари за да им помогнат на најсиромашните“, изјавија директорката на ММФ Кристалина Георгиева и други претставници на Фондот.

ММФ повика на брзо зголемување на хуманитарната помош преку Светската програма за храна и други организации, како и преку насочени фискални мерки во погодените земји за помош на сиромашните, но нагласи дека приоритет на владата треба да биде борбата против инфлацијата.

ММФ повика и на укинување на забраните за извоз на храна и другите протекционистички мерки.

Пред почетокот на воената операција, Украина беше меѓу првите пет извозници на жито, додека Русија и Украина беа главните извозници на ѓубрива.

Продолжувањето на испораките од црноморските пристаништа, како дел од договорот со Русија, само делумно го ублажи недостигот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП