20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ222. ден војна во Украина: Руската Дума потврдува; Ракетен напад врз Запорожје;...

222. ден војна во Украина: Руската Дума потврдува; Ракетен напад врз Запорожје; Нови санкции

Руската Дума денеска го ратификува договорот за припојување на четири украински региони кон Русија.

Руските сили утринава извршија ракетен напад врз градот Запорожје и две села во областа Запорожје, а во тие напади е повредено едно лице, соопшти регионалната воена управа.

Западот одговара на потезите на Москва со нови санкции и посилна воена и финансиска помош за Киев. Германија, Данска и Норвешка купуваат 16 словачки хаубици за 92 милиони евра.

Руската Дума ги усвои амандманите на Уставот поврзани со анексијата

Руската Дума денеска на пленарна средба ќе усвои нацрт-амандман на Уставот поврзан со анексијата на Доњецката и Луганската народна република и регионите Херсон и Запорожје и ќе ги ратификува меѓународните договори поврзани со анексијата, изјави претседателот на Долниот дом од рускиот парламент, Вјачеслав Володин.

Тој рече дека на овој начин ќе се воспостави правна рамка со која секој граѓанин што живее на територијата на четирите припоени области ќе се чувствува социјално заштитен кога се работи за финансискиот систем и економијата, пренесе ТАС С.

Разрешен е воениот комесар на областа Хабаровск во Русија

Воениот комесар на областа Хабаровск во Русија е сменет од функцијата, откако половина од новомобилизираните биле испратени дома, бидејќи не ги исполнувале потребните услови, изјави денеска гувернерот на овој регион Михаил Дегтјарев.

„Регионалниот воен офицер Јуриј Сергеевич Лаико денеска беше сменет од функцијата. Тоа во никој случај нема да влијае на извршувањето на целите поставени пред нас од претседателот Владимир Путин. Работиме заедно со Министерството за одбрана, нашата индустрија, организации и сите релевантни агенции“, рече Дегтјарјев во видео објавено на Телеграм и пренесено од ТАС С.

Според гувернерот, во рамките на делумната воена мобилизација биле поканети неколку илјади жители на областа Хабаровск, но половината биле вратени дома, бидејќи не ги исполнувале потребните услови.

Запорожје беше ракетиран

Руските сили утринава извршија ракетен напад врз градот Запорожје и две села во областа Запорожје, а во тие напади е повредено едно лице, соопшти регионалната воена управа.

Се известува дека биле истрелани десетина ракети С-300 и дека биле погодени инфраструктурни објекти во градот Запорожје, пренесува Интерфакс Украина.

Во соопштението се додава дека е уништен и центарот за рехабилитација за деца со посебни потреби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП