Дали сакате за краток период да го намалите обемот на вашата половина? Ако се придржувате кон овие шест совети, со сигурност ќе успеете!
1. Намалете го внесот на соли
Можеби соларникот ве привлекува, но и водата исто така. Кога внесувате повеќе соли, тогаш собирате и повеќе течности, со што добивате чувство како да сте надуени како балон. А со тоа добивате и визуелни килограми вишок. Токму затоа избегнувајте ја солта. Јадете многу овошје и зеленчук.
2. Избегнувајте тестенини
Држете се подалеку од пецивата и тестенините. Кога ќе го намалите внесот на јаглени хидрати, ќе го принудите вашето тело да ги троши оние кои се веќе наталожени во вашиот организам. На таков начин ќе ги губите и килограмите.
Дополнете ги јаглените хидрати со јајца за појадок и сендвичи кои ќе ги правите само со едно парче леб.
3. Намалете го внесот на млечни производи
Ако чувствувате надуеност и имате гасови, тоа значи дека и не сте нешто особено толерантни на лактоза. Повеќето возрасни луѓе впрочем и не се. Тоа значи дека вашиот организам не може добро да ги свари млечните производи а тоа доведува до надуеност. Избегнувајте ги млечните производи или консумирајте ги оние кои се без лактоза.
4. Јадете овошје со помала концентрација на фруктоза
Ако јадете овошје кое содржи помалку овошни шеќери, вашиот желудник ќе вари подобро. Бобичестото овошје содржи многу помалку шеќери па можете да го комбинирате со грејпфрут на пример. Може да ги пробате и сушените овошја. Тие му помагаат на варењето и ги отфрлаат непотребно наталожените нешта во цревата.
5. Намалете го внесот на алкохол
Обидете се недела дена да не се напиете ниту капка алкохолен пијалок, ниту газиран сок. Ќе се зачудите колку повитко впрочем и ќе изгледате. Жестоките пијалоци содржат многу калории, а само една чаша е доволна за да ви уништи добар тренинг од недела дена.
6. Тренирајте секој ден
Не мора секој ден да одите во теретана. Фитнес тренинзите комбинирајте ги со трчање или брзо одење. Подобри се и обичните прошетки од седењето пред телевизор.