Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт во интервју за медиумската куќа АРД го нарече „голем успех“ заземањето на Красно Лиман од страна на украинската армија, но таа не верува дека овој настан суштински ќе го промени текот на војната.
„Тоа е голем успех, но не е пресвртница. И затоа е толку важно да се обучуваат украинските војници, исто така и во иднина“, рече таа.

