четврток, 8 декември 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЕдно копче и крај: Путин ќе го нападне Лондон со специјално оружје?

Едно копче и крај: Путин ќе го нападне Лондон со специјално оружје?

Русија може да ја нападне Велика Британија од различни правци, можеби дури и од вселената, изјави началникот на британскиот одбранбен штаб Тони Радакин за Телеграф.

„Русија има сили во вселената. Русија има нуклеарен потенцијал. Русија има значителна флота на подморници“, рече Радакин.

Радакин смета дека руската војска може да ги затвори сателитите и со тоа да го изолира Обединетото Кралство. Таквата сила, како Русија, е закана за целиот Запад.

Уј-адмиралот Сер Ентони Радакин е висок офицер во Кралската морнарица. Од ноември 2021 година, тој е 24-ти началник на одбранбениот штаб, професионален шеф на британските вооружени сили, наследувајќи го генералот Сер Николас Картер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП