11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА Продажните цени на индустриските производи намалени во споредба со минатата година

Продажните цени на индустриските производи намалени во споредба со минатата година

industrija

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јули годинава, вкупно, се пониски за 1,6 отсто на месечно ниво, а за 0,4 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2013 во споредба со претходниот месец продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,7 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 1,9 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3 отсто.

Во споредба со јули 2012, продажните цени, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,9, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 15 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП