26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ ќе подели рекордна дивиденда од 21 милијарда долари

„Газпром“ ќе подели рекордна дивиденда од 21 милијарда долари

Акционерите на рускиот енергетски гигант „Газпром“ ја поддржаа најголемата исплата на дивиденда во руската историја, во вкупна вредност од 1,208 трилиони рубљи (21 милијарда долари), пренесува „Reuters“.

Одлуката беше донесена на вонредниот генерален состанок на гасниот гигант под државна контрола во петокот.

Акционерите поддржаа привремена дивиденда од 51,03 рубли (0,8921 долари) по акција, рече производителот на гас во регулаторните документи.

Вкупниот износ е најголем во корпоративната историја на Русија.

Акциите на „Газпром“ првично пораснаа за околу 5 отсто по вестите, пред да го променат курсот и да се тргуваат со пад од околу 2 отсто во услови на поширок пад во Москва во утринските часови.

Акционерите на „Газпром“ во јуни неочекувано одлучија да не исплаќаат дивиденди од минатогодишниот профит, првпат од 1998-ма година.

Дивидендите им нудат на инвеститорите на мало начин да профитираат во време кога западните санкции ја погодија вредноста на руските компании.

Брокерската компанија „VTB My Investments“ соопшти дека инвеститорите на мало може да заработат околу 144 милијарди рубљи од дивидендата.

„Очекуваме дивидендата за втората половина на 2022-ра година да достигне 10,3 рубли (по акција) со дивиденден принос од 4,7% поради падот на извозот“, се вели во соопштението.

Извозот на гас на „Газпром“ во Европа, клучен извор на приходи, се намалува поради санкциите на Западот против Русија. Можностите за извоз на гас на земјата беа тешко погодени оваа недела по оштетувањето на гасоводите „Северен тек“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП