27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Војната ја предизвика најлошата криза со храна во светот од 2008...

ММФ: Војната ја предизвика најлошата криза со храна во светот од 2008 година

Војната во Украина ја прекина испораката на жито и вештачко ѓубриво, предизвикувајќи ја најтешката криза за безбедноста на храната од глобалната финансиска криза во 2007 и 2008 година, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд.

ММФ наведува дека околу 345 милиони луѓе се соочуваат со недостиг на храна опасен по живот, пренесува Ројтерс.

Според новиот извештај на ММФ, се проценува дека 48-те земји кои се најмногу изложени на недостиг на храна се соочуваат со вкупно зголемување на увозните трошоци од девет милијарди долари во 2022 и 2023 година, поради наглото зголемување на цените на храната и ѓубривата.

Ова ќе ги исцрпи резервите на многу чувствителни и погодени од конфликт држави, кои веќе се соочуваат со проблеми со платниот биланс по пандемијата на коронавирусот и зголемувањето на цените на енергенсите.

„Само оваа година проценуваме дека на најекспонираните земји им требаат седум милијарди долари за да им помогнат на најсиромашните домаќинства“, изјавија директорката на ММФ Кристалина Георгиева и други претставници на Фондот.

ММФ повика на брзо зголемување на хуманитарната помош преку Светската програма за храна и други организации, како и преку насочени фискални мерки во погодените земји за помош на сиромашните, но нагласи дека приоритет за владите треба да биде борбата против инфлацијата.

ММФ повика и на укинување на забраните за извоз на храна и другите протекционистички мерки.

Пред почетокот на воената операција, Украина беше меѓу првите пет извозници на жито, додека Русија и Украина беа главни извозници на ѓубрива.

Продолжувањето на испораките од црноморските пристаништа, како дел од договорот со Русија, само делумно го ублажи недостигот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП