2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на генералниот директор на прилепскиот тутунски комбинат со градоначалникот на Прилеп

Средба на генералниот директор на прилепскиот тутунски комбинат со градоначалникот на Прилеп

prilep

Генералниот директор на прилепскиот тутунски комбинат Александар Дерменџиев денеска имаше работна средба со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, на која информираше за состојбите во комбинатот, во кој има преку 1.000 вработени.

Според Дерменчиев, состојбите се подобруваат во овој македонски загубар, особено со најавата за стратегиско партнерство со светски познатиот производител на цигари „Филип Морис“. Деновиве, нагласи, технолози, инженери и правници на „Филип Морис“ ги разгледуваа состојбите во комбинатот.

– Во оваа фаза потребно е да се изработи план и тоа финансиски, технолошки и правен. Да се види што е неопходно за понатаму и да се изготви еден мастер договор, изјави Дерменџиев.

Засега се чуваат во тајност аспектите на договорот, но се најавува дека тој треба да се ефектуира со почетокот на идната година.

– Со стратегиското партнерство со „Филип Морис“ се движиме кон крајно решавање на состојбите. Договорот ќе помогне до 2015 година комбинатот да дојде до позитивна нула. Инаку, годинава ќе ја завршиме со проектираните загуби, рече Дерменџиев.

Во меѓувреме, информира, се извезува на источниот пазар. Во Кина месечно се испорачуваат преку 200 тони лиценцни цигари. Инаку, се е подготвено за раниот откуп на тутун во кутии од први октомври, проект на Министерството за земјоделство, трета година по ред.

– Ние имаме пријавено 500 тони. Инаку, вкупно се 6.000 тони од сите откупувачи. Веќе започнавме со делење картонска амбалажа на кооперантите и не очекуваме никаков проблем, истакна тој.

Според Дерменџиев, комбинатот има пари да го исплати целиот планиран род од 3.000 тони тутун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП