Земјите членки на Европската унија денеска се договорија да воведат вонредна давачка за дополнителниот профит на енергетските компании и започнаа дискусии за нивните следни потези за решавање на енергетската криза во Европа, меѓу кои е и предлогот за ограничување на цената на гасот во целиот блок.
Министрите за енергетика од 27-те земји на ЕУ се состанаа во Брисел, каде што ги одобрија мерките предложени претходно овој месец за да се спречи скокот на цените на енергијата што поттикнува рекордна инфлација и се заканува со рецесија.

