Во пресрет на најтешката зима во Европа по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски обезбедува стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси. Обезбедени се доволно средства, за сите потреби од енергенси и топлинска енергија за претстојната зима. Сите основни и средни училишта ќе бидат на регулиран пазар на струја со што ќе се намалат нивните трошоци и со што ќе обезбедиме непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека граѓаните, домаќинствата и малите потрошувачи добиваат стабилна и континуирана испорака на струја, а сметките за струја на граѓаните ќе продолжат да бидат субвенционирани со 80%. Болниците и здравствените установи ќе бидат обезбедени со струја, преку ЕСМ продажба по цена која е поповолна од берзанската. Донесена е и одлука за започнување на постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар, парно во главниот град ќе има во текот на целата грејна сезона.

