6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвозможете им независност на вашите вработени без да се откажете од контролата

Овозможете им независност на вашите вработени без да се откажете од контролата

vraboteni1

Во почетокот, како претприемач вие се грижите за повеќето бизнис процеси во вашата компанија. Од финансии, маркетинг, дизајн на производ и се друго. Но, како што вашата компанија ќе расте ќе треба да ги поддржите вашите вработени да ја чувствуваат независноста.

Автономијата е една од фундаменталните човекови потреби, есенцијална компонента за здраво работно место. Вработените кои се чувствуваат независни се посреќни, повеќе мотивирани, повеќе се посветени на својата работа и помалку доживуваат стрес.

Земете ги во предвид следниве три совети да им дадете на своите вработени независност без да се откажете од контролата.

1. Специфицирајте ги целите

Како што растете, не би сакале организацијата да биде хиерархиски поставена без да биде адаптибилна. Дозволете им на вработените да експериментираат и да донесуваат одлуки.

За да ја поттикнете креативноста, дадете им насоки за проекти, роковите и целите, но оставете го останатото на вработените. Вашиот тим можеби нема да го изработи проектот како што вие би го изработиле, но нивната стратегија може да биде исто толку добра, можеби и подобра.

2. Бидете отворен за други ставови и мислења

Како сопственик на бизнис, морате да бидете страстен за вашите идеи, но тој ентузијазам може да прерасне во лабилност, доколку не прифаќате други мислења.

Секој лидер е предмет на пристрасност и грешки. Треба да воспоставите механизам, за да признаете кога грешите и да дозволите слобода за дебата и за други стратегии. За да го постигнете тоа, избегнувајте ги оние кои во се, се согласуваат со вас.

3. Запознајте се самиот себе

Како што ќе им дозволите на вработените повеќе слобода и одговорности, осознавајќи се самиот себе, може да ви помогне да преминете во транзицијата.

Треба да бидете сигурен за да кажете “ќе вработам некој во финансии, кој има повеќе искуство во финансии од мене “.

Важно е да ги разберете вашите чувства и да разбирате што другите околу вас чувствуваат, односно да поседувате емоционална интелигенција. Тогаш ќе разберете што ги мотивира вашите вработени и ќе им дадете да бидат независни на начини на кои тие би се чувствувале исполнети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП