24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатени се субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Исплатени се субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека на 6.396 млекопроизводители им се исплатени 153.224.548,00 денари за мерката 2.3 која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Исплатите се однесуваат на предадено млеко во месеците март, април и мај 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со финансиската поддршка за млекопроизводството како државен стимул за постигнување  повисока цена на млекото како основен производ и одржување на благосостојбата во сточарството како сектор кој има голем удел во земјоделството и македонската економија – посочи директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП