8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е најбогатата жена во Кина

Ова е најбогатата жена во Кина

jung1

Најбогатата жена во Кина е Јанг Хуијанг, ќерка на основачот на компанијата за недвижнини „Country Gardens“, а нејзиното богатство изнесува 8,3 милијарди долари. Во најнаселената земја во моментов живеат 315 милијардери.

Јанг кога го презеде раководство на компанијата од својот татко, беше прва на листата на најбогати Кинези, а сега се наоѓа на петтото место, според извештајот на Хурун, кој составува годишна листа на најбогатите луѓе во Кина.

Хурун наведува дека растот на вредноста на акциите оваа година придонесе бројот на милијардерите во Кина да се зголеми од 64 на 315.

Благодарение на скокот на акциите, првите пет лица на листата двојно го зголемиле своето богатство, а речиси една четвртина од нив, своето богатство го стекнале благодарение на недвижнините.

Кина според бројот на милијардери се наоѓа на второто место во светот, веднаш зад Соединетите Американски Држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП