„Економско енергетскиот совет на Владата, на синоќешната седница донесе одлуки кои гарантираат непречено снабдување со електрична енергија и енергенси за претстојната зима“ соопштија од СДСМ.
Од владејачката партија велат дека е „донесена одлука, на регулиран пазар на електрична енергија да бидат и основните и средни училишта низ целата држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на единиците на локалната самоуправа“.

