3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУраганот Иан ја погоди Флорида – катастрофални поплави, прекини на струја (ВИДЕО)

Ураганот Иан ја погоди Флорида – катастрофални поплави, прекини на струја (ВИДЕО)

Ураганот Иан ја погоди американската сојузна држава Флорида, придружен со силен ветер и обилни врнежи од дожд кои предизвикаа катастрофални поплави и прекин на електричната енергија ширум американската сојузна држава.

Повеќе од 2,5 милиони жители на Флорида, на брегот на Мексиканскиот залив, добија наредба или предупредување да се евакуираат бидејќи се приближуваше ураганот Иан, кој претходно ја погоди Куба.

„Ураганот предизвика катастрофални поплави“, се вели во соопштението на Националниот центар за урагани, пренесува АП.

Иан ги претвори улиците во реки и урна дрвја со ветрови кои дуваа до 240 километри на час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП