28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден: Не го злоупотребувајте ураганот за да ја зголемите цената на нафтата

Бајден: Не го злоупотребувајте ураганот за да ја зголемите цената на нафтата

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика нафтените компании да не ги зголемуваат цените на горивата злоупотребувајќи го ураганот Иан, кој се приближува до Флорида и може да предизвика големи разурнувања, јавува Анадолија.

Бајден зборуваше на конференција за глад, исхрана и здравје одржана во Вашингтон.

Тој го коментираше и ураганот Иан, кој може да го погоди брегот на Флорида и да предизвика големи разурнувања.

Бајден рече дека разговарал со локалните власти и дека федералните власти ќе направат се што можат за да помогнат.

Американскиот претседател го повика населението да внимава на предупредувањата на надлежните и да ги напушти подрачјата за кои е издадено предупредувањето.

„Не го злоупотребувајте ураганот за да ја зголемите цената на нафтата. Цените на нафтата паѓаат и треба да продолжат да паѓаат. Експертите велат дека ураганот ќе погоди само два отсто од производството на нафта во САД и тоа за кратко време. Оваа привремена бура не може да биде изговор за зголемување на цените“ – смета Бајден.

Тој се осврна и на проблемот со гладот, наведувајќи дека тоа е еден од најголемите проблеми во светот, а војната меѓу Русија и Украина го подгреа глобалниот проблем со недостиг на храна.

Бајден се надева дека до 2030 година гладот ​​ќе исчезне и болестите поврзани со исхраната ќе се намалат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП