19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛуѓето гледаат цени повеќе од било кога: Сосема ново однесување ги зафати...

Луѓето гледаат цени повеќе од било кога: Сосема ново однесување ги зафати продавниците, се купува помалку, се бараат зделки, секој производ се мери најмалку двапати

Граѓаните денес, среде инфлација, кога пазаруваат во супермаркетите, повеќе од кога било гледаат на цените. Обично во корпата ги ставаат само најпотребните работи, а во мали количини, доволно за ден-два. Оние кои сепак купуваат неколку производи наеднаш, ретко заминуваат со сметка помала од 5.000 денари. Факт е дека никој не останува рамнодушен на каса поради сумата на сметката и дека главна тема станаа цените.

„Цените вртоглаво пораснаа, се е прескапо“ е реченицата која деновиве често ја слушаме од изненадените граѓани кои пазарат. Ги гледаат цените, гласно се жалат на нив и секогаш прашуваат за зделките. Се случува дури и да се откажат од купување на каса кога ќе слушнат колку чини нешто. Некои дури се откажаа од правење зимница бидејќи овошјето и зеленчукот не ја достигнаа вообичаената прифатлива цена, како и обично на крајот од сезоната.

Нов тренд во купувањето

Несомнено е дека сегашниот тренд на поскапување тотално го промени однесувањето на потрошувачите, особено на оние со просечни примања. Тие се многу повнимателни, попресметливи дури и со најосновните производи. Се повеќе се заборава купувањето по килограм, а сегашното е по грам, па дури и по парче.

Ова го потврди извршниот директор на синџирот супермаркети Алди, Џајлс Харли. Тој за Би-Би-Си изјави дека купувачите се повеќе се префрлаат на стоки со попуст поради кризата со трошоците за живот што продолжува да ги погодува сиромашните домаќинства.

„Имаше „невидена“ промена во однесувањето на потрошувачите бидејќи инфлацијата се зголеми“, рече Харл. Тој додаде дека клиентите денес многу гледаат на цените, што порано не беше случај.

„Клиентите обрнуваат внимание на цената како никогаш досега“ – рече тој.

Харл во оваа прилика рече дека такви стапки на раст не се забележани од последната рецесија, мислејќи на рецесијата од 2008-2009 година.

Небрендирани производи во фокусот

Поради пречестите поскапувања, брендираните производи станаа буквално луксуз за просечниот потрошувач, па не е чудно што граѓаните ги заобиколуваат при купувањето. Факт е дека овој тренд не е актуелен само кај нас, туку е забележан и во други, многу побогати земји.

Неодамнешното истражување во Велика Британија покажа дека опсегот на приватните производи сега зафаќа 51 отсто од пазарот, во споредба со брендираните производи. Продажбата на најевтината палета на приватни етикети е зголемена за една третина во однос на минатата година. Во една позната британска продавница, повеќе од 90 отсто од производите се небрендирани артикли.

Економската перспектива станува помрачна

Факт е дека скокот на цените доведе до пад на стандардите, а со тоа и до намалување на куповната моќ. За жал, прогнозите се дека во наредниот период ќе биде уште полошо.

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, неодамна предупреди дека економската перспектива во еврозоната станува „помрачна“ и дека деловната активност, според нејзините очекувања, „значително ќе се забави“ во наредните месеци, со оглед на високите цените на енергијата и недостигот на храна, поттикнати од војната во Украина, ја намалуваат куповната моќ на потрошувачите.

„Моето лично предвидување е дека вистинските бројки ќе бидат некаде измеѓу, а дека повеќе ќе се знае кога ЕЦБ ќе ги објави своите нови прогнози во декември. Ги повикувам владите во еврозоната да ги насочат програмите за економска помош на оние на кои им е најпотребна. Но ве потсетувам дека нивното прекумерно делење нема да помогне да се спречи инфлацијата“, истакна Лагард.

Совети за заштеда при купување

Имајќи предвид дека по поскапувањето овие месеци цените не се вратија на старите, не е чудно зошто потрошувачите целосно се откажуваат од некои производи, за да го поминат месецот со просечен буџет. Сепак, постои начин да заштедите пари при купување.

  • Следете ги промоциите
  • Купете производ со попуст дури и кога не ви е потребен
  • Купувајте во големи продавници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП