Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, на вчерашната седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје, истакнуваат во соопштението од СДСМ.
Донесена е Одлука, како што појаснуваат од таму, за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД „Електрани на Северна Македонија“, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

