6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOECD ги влоши глобалните прогнози

OECD ги влоши глобалните прогнози

Организацијата за европска соработка и развој (OECD) нагло ја намали прогнозата за светскиот раст следната година поради зголемените потешкотии во еврозоната од војната во Украина и синхронизираниот пораст на каматните стапки за да се ограничи инфлацијата.

OECD, чие седиште е во Париз, очекува светскиот БДП да биде 2,2 отсто во однос на прогнозата од 2,8 отсто во јуни, а во земјите од еврозоната да има раст од само 0,3 отсто наспроти 1,6 отсто кои беа претходно прогнозирани.

Германија се очекува да биде првата голема европска економија која ќе влезе во рецесија следната година со очекуван пад на БДП од 0,7 отсто.

„Изгледите за светскиот раст се влошија“, се вели во извештајот на Организацијата под наслов „плаќање на цената на војната“.

Недостигот на смиреност на теренот во осмиот месец од руската инвазија на Украина, обележан со неодамнешната мобилизација на руските резервисти, го поттикна песимизмот на организацијата за економијата во блиска иднина.

По тешката 2022 година за домаќинствата и компаниите, пред се поради скокот на инфлацијата, светскиот раст ќе продолжи да слабее и во 2023 година, наведува институцијата.

Предвидениот раст за оваа година е задржан на три проценти, иако таа прогноза е значително намалена во последните години.

Шокот од војната – 2.800 милијарди долари

За да го покаже обемот на шокот од војната врз светската економија, таа институција ги процени очекуваните финансиски загуби за следната година на 2.800 милијарди долари, во споредба со претходните предвидувања пред почетокот на руската инвазија во Украина.

Логично е дека најголеми трошоци ќе сносат соседните земји на Киев и Москва, според OECD, па така најревидиран „надолен“ раст во еврозоната од сите други региони во светот, со 0,3 отсто наспроти 1,6 предвидени во јуни.

Главна причина е скокот на цените на енергенсите, а се очекува инфлацијата годинава да достигне 8,1 отсто, а следната година 6,2 отсто.

OECD очекува дека економскиот раст во Америка ќе биде 0,5 отсто во однос на предвидените 1,2 отсто во јуни, а во Кина ќе биде 4,7 отсто во однос на претходно очекуваните 4,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП