1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко ви се допаѓа оваа песна, постои шанса да сте психопат

Ако ви се допаѓа оваа песна, постои шанса да сте психопат

Дали ви се допаѓа песната на Еминем Lose Yourself? Ако одговорот е „да“, имате причина да се грижите.

Според студијата спроведена на Универзитетот во Њујорк во 2017 година, оваа песна е омилена на најголемиот број психопати, што значи дека обожавателите на овој хит има големи шанси да се психопати, пренесува Unilad.

Тим истражувачи наведе 200 луѓе да пополнат прашалник со кој се оценува нивното ниво на психопатија – нарушување кое се карактеризира со недостаток на емпатија, недостаток на емоционален одговор и манипулативност.

На испитаниците потоа им биле дадени 260 песни за слушање и оценка, а истражувачите откриле дека оние со највисоки резултати на психопати биле меѓу најголемите обожаватели на песната на Еминем.

Покрај оваа песна, најголемиот број „психопати“ изјавиле дека сакаат да ја слушаат и What Do you Mean од Џастин Бибер, како и No Diggity од Др. Дре. Можеби мислите дека ова изгледа како малку несериозна студија, но истражувачите инсистираа дека може да послужи за важна цел.

Идејата е дека ако се открие дека група песни се добар показател за психопатија, тогаш јавно достапните плејлисти би можеле да се користат за означување на потенцијалните психопати, велат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП