На светските берзи цените на нафтата паднаа и минатата недела, четврти пат по ред, спуштајќи се на најниско ниво во последните осум месеци, бидејќи централните банки ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација, што може да предизвика рецесија, а со тоа и пад на побарувачката за „црното злато“.
Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 5,7 отсто, на 86,15 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 7,5 отсто, на 78,75 долари.

