28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 намирници кои треба да ги избегнувате пред консумирање на алкохол

5 намирници кои треба да ги избегнувате пред консумирање на алкохол

Сакате да се опуштите малку и да се напиете некоја чашка алкохол? Избегнувајте ги следниве намирници ако не сакате да се соочите со голем мамурлак наутро.

Солени грицки

Една од најлошите работи кои алкохолот ни ги прави е дехидрацијата. Грицкањето на намирници како што се пуканки, чипс или переци ја прави нашата уста сува, па имаме потреба дополнително да земаме течност. Тука настанува проблемот бидејќи главно за ублажување на жедта се консумира алкохол. Наместо тоа земете некои намирници кои во себе содржат вода, како краставица или лубеница.

Салати

И додека зелениот зелечнук е добар за вашето тело на повеќе начини, сите знаеме дека салатата по некое време ќе не остави со празен стомак. Во тие услови дејствто на алкохолот се зголемува, па затоа пред излегувањето се препорачува некој извор на протеини, како пилешко месо кое долго се вари и така ќе го забави растот на алкохолот во крвта.

Суши

Факт е дека сировата риба и чашка водка не одат заедно, бидејќи за многу брзо време ќе го откриете вистинското дејство на алкохолот. Солената риба и пијалокот се двоен извор на дехидратација, па така следното утро ќе го имате најлошиот мамурлак во животот.

Помфрит

Ништо не звучи добро како голема порција помфрит. Меѓутоа, помфритот пред консумирањето на алкохол само ќе ги засили негативните ефекти на алкохолот подоцна во текот на ноќта.

Зачинета храна

Овој вид на храна ќе го оптерети вашиот стомак кога сте трезни, а замислете што ќе се случи кога на тоа ќе му додадете и алкохол. Без оглед колку сакаме зачинета храна, треба да ја избегнуваме пред консумирањето на алкохол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП