7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишана спогодба, Емиратите ќе ја снабдуваат Германија со течен гас и дизел

Потпишана спогодба, Емиратите ќе ја снабдуваат Германија со течен гас и дизел

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Германија за време на посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц на Абу Даби потпишаа договор со кој се предвидува снабдување со течен гас и дизел во Германија во 2022 и 2023 година.

Министерот за индустрија на ОАЕ, Султан ал Џабер, го поздрави „новиот историски договор“ кој „го зајакнува растечкото енергетско партнерство меѓу ОАЕ и Германија“, пренесоа медиумите.

Шолц, кој се состана со претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед Ал-Нахјан, исто така присутен на потпишувањето, го поздрави договорот за „енергетска безбедност“.

Договорот предвидува извоз на течен природен гас во Германија на крајот на 2022 година, по што ќе следи испорака на дополнителни количини во 2023 година.

Тамошните медиуми објавија дека во септември имало директна испорака на дизел во Берлин и додаваат дека во 2023 година Германија ќе добива околу 250.000 тони дизел месечно.

Шолц е на кратка турнеја низ земјите од Заливот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП