25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо подготовка - данок за најбогатите

Во подготовка – данок за најбогатите

Шпанската влада сака да воведе данок за најбогатите граѓани за две години за да собере доволно пари за зголемена буџетска потрошувачка.

Ова го изјави министерката за буџет Марија Хесус Монтеро, пренесува hrportfolio.

Данокот треба да почне следната година, рече Монтеро, истакнувајќи дека поради парламентарна процедура можеби нема да биде подготвен за самиот почеток на 2023 година и дека за мерката разговара со помалиот владин партнер Подемос, кој го вклучи во својата предизборна програма.

Таа не образложи за даночната стапка или очекуваниот приход, велејќи за телевизиската станица laSexta, само дека тоа треба да го плаќаат „милионерите“, приходната група која сочинува еден процент од граѓаните.

Таа додаде дека Владата подготвува и нови даноци за енергетските компании и банките.

„Ќе користиме слична шема за енергетските компании и за банкарството. Во следните две години…“, рече Монтеро.

Локалните и регионалните избори ќе се одржат во Шпанија следната година, а веќе има многу дебати околу тоа дали да се намалат или зголемат даноците за да се спречи инфлацијата и да се олеснат економските тешкотии предизвикани од руско-украинскиот конфликт.

Министерот изјави дека во расправата за предлог-буџетот за следната година, главен камен на сопнување е зголемувањето на расходите за одбраната.

Владата ги зголеми расходите во согласност со обврската на членките на НАТО, кои мора да ги зголемат трошоците за одбрана на два отсто од БДП до 2029 година, забележува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП