17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГарантирана каматна стапка за првите пет години и 0 денари за ...

Гарантирана каматна стапка за првите пет години и 0 денари за административни и трошоци за проценка

stopanska

Нештата се менуваат со времето, но со станбениот кредит од Стопанска банка АД – Скопје каматната стапка останува гарантирана цели 5 години. Дополнително, оваа понуда на Стопанска банка е без административни и трошоци за проценка до крајот на октомври 2013.

Промотивната понуда започна на 10 септември и нуди трајни и подобрени услови за кредитирање за нов дом.

Отсега клиентите ќе можат да одберат станбен кредит со гарантирана каматна стапка од 5.00 % годишно за првите три години, како и гарантирана каматна стапка од 6.00 % годишно  за четвртата и петтата година, кои важат за клиентите кои ги примаат своите плати преку Стопанска банка. По истекот на петгодишниот период со гарантирана каматна стапка, се применува променливата каматна стапка која во моментот изнесува 6.89% годишно, која повторно важи за клиентите кои ги добиваат своите примања преку Стопанска банка АД – Скопје. Каматната стапка на вкупните трошоци изнесува 6.59% годишно.

Поволната камата и ниските месечни ануитети како резултат на долгиот период на отплата до 30 години, го прават станбениот кредит исклучително поволен за сите оние кои сакаат да дојдат до нов дом.

Направете го вистинскиот чекор оваа есен и внесете радост во своето семејство. Искористете ја промотивната понуда која ќе трае до 31 октомври и добијте го домот кој го заслужувате!

За дополнителни информации обратете се во експозитурите на Банката, на  www.stb.com.mk или на телефонскиот број 02/3100109.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП