26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФишер: Светот драматично ќе се промени

Фишер: Светот драматично ќе се промени

Поранешниот шеф на германската дипломатија, Јошка Фишер, смета дека поради климатската криза, пандемијата на коронавирусот и војната во Украина, светот драматично ќе се промени и дека за 10 години ќе биде сосема поинаку.

Поранешниот германски вицеканцелар при своето излагање во Виена на Австрискиот енергетски конгрес 2022 посочи дека ќе има постојана закана на источната граница.

Фишер истакна дека кризите се множат.

На прво место, вели тој, е климатската криза и додава дека светот е далеку од спроведување ефикасни чекори против овој проблем.

Пандемијата на коронавирусот, посочува тој, ѝ нанела голема штета на светската економија.

„Не смее ни да има голема војна. Руската нуклеарна закана е вистинска закана“, предупреди тој понатаму.

Тој посочи дека тоа што ќе има постојана закана на источната граница, ќе има последици за снабдувањето со енергенти на Европа.

„Времињата на евтин гас и сигурни испораки од Русија, дефинитивно, поминаа. Немојте да имате илузии дека ќе се врати“, нагласи Фишер.

Тој додаде дека сега Европа ќе мора да инвестира повеќе во обновливите извори на енергија.

Фишер гледа глобално враќање на ривалството на големите сили.

„Светот на 21 век повеќе не е свет на кој може да влијаат европските димензии. Затоа Европејците мора да бидат единствени и да влијаат на сопствената судбина“, заклучи тој, пренесе „Новости.рс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП