28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлаба заработка од извозот на кафе

Слаба заработка од извозот на кафе

kafe

Покрај зголеменото производство, Руанда оваа година од извозот на кафе заработила 60,9 милиони долари, што е далеку помалку од 73 милиони долари приходи остварени во 2011 година. Според статистичките податоци во 2012 година, од вкупно произведени 21 илјади тони кафе, извезени се 16.989 тони.

Во споредба со претходната година, од извозот на кафе има заработено 73 милиони долари, а земјата произвела 16.000 тони.

Одгледувачите на кафе се жалат дека не заработиле колку што очекувале, „бидејќи купувачите постојано им велеле дека глобалните цени на кафе се паднати“.

Генералниот директор на Министерството за земјоделство, Алекс Канианкол, објаснува дека основна причина за слабата извозна заработка е намалениот квалитет на кафето.

Руанда започнала проект за оживување на плантажите со квалитетно зрно кафе. Алекс Канианкол вели дека се направени студии кои треба да покажат кој вид на кафе најдобро одговара на локалната почва.

Моментално земјоделците берат од 600 до 700 тони кафе по хектар. Директорот на Секторот за земјоделство на Руанда, верува дека со квалитетни семки и зголемено ѓубрење ќе се зголемат приходите на 1.000 тони сирово кафе по хектар.

Околу 90 отсто од населението на Руанда се занимава со некомерцијално земјоделство, но многу често производството на храна не ги задоволува домашните потреби. Главните извозни производи се кафе и чај.

Земјата добива најголем износ на странска помош по жител во Африка.

Глобалните цени на кафе минатата година константно бележеа пад. Меѓународната организација за кафе (ICO), објави дека просечната цена на кафето во 2012 година изнесува 156,34 американски центи по килограм, што е 25,7 отсто пониска во однос на 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП