15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШок изјава на Орбан: Укинете ги санкциите против Путин, за да може...

Шок изјава на Орбан: Укинете ги санкциите против Путин, за да може Европа да си ја врати силата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека треба да се укинат санкциите кон Русија воведени од Европската унија, пренесува Ројтерс повикувајќи се на унгарски медиуми.

Орбан, кој е остар критичар на казнените мерки на ЕУ против Русија за нападот врз Украина, ова го изјави на вчерашната средба на неговата партија Фидес, зад затворени врати, пишува весникот „Унгарски Немзет“.

Унгарскиот весник го цитира Орбан, без да наведе извор, дека санкциите на ЕУ ги зголемиле цените на гасот и инфлацијата и дека доколку се укинат овие мерки, цената на гасот веднаш би паднала за 50 отсто, додека инфлацијата исто така ќе има надолен тренд.

Без санкции, Европа би можела да си ја врати силата и би можела да ја избегне претстојната рецесија, рече Орбан, според извештајот на весникот, повторувајќи ја својата претходна позиција дека санкциите и штетат на Европа повеќе отколку на Русија.

Орбан на својата Фејсбук страница објави и порака од партискиот состанок: „Санкциите од Брисел ја турнаа Европа во енергетска криза“.

Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач ги потврди изјавите на Орбан за Ројтерс.

Министрите за надворешни работи на членките на Европската унија вчера се договорија на неформален вонреден состанок во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, да продолжат со новите санкции против Русија и давање помош за Украина, објави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносната политика, Жозеп Борел, неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација.

Без санкции, Европа би можела да си ја врати силата и би можела да ја избегне претстојната рецесија, рече Орбан, според извештајот на весникот, повторувајќи ја својата претходна позиција дека санкциите и штетат на Европа повеќе отколку на Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП