3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel: Интерактивно корисничко упатство наместо прирачник

Opel: Интерактивно корисничко упатство наместо прирачник

opelinteraktivno1

Идните купувачи на „Opel Insignia“ ќе можат да се информираат околу содржините и функциите на автомобилот преку новата апликација за мобилен телефон наместо преку книгата со упатства. Апликацијата со функција „myOpel“ ќе има своја премиера на авто-саемот во Франкфурт, а за корисниците ќе биде достапна на есен.

Купувачите повеќе нема да мораат да пребаруваат по стотиците страници со текст за да ја најдат функцијата на некое копче или значењето на некој симбол. Се што треба да направат е да ја преземат бесплатната „myOpel“ апликација од интернет, која сега е проширена со новата функција – „myOpel Manual“ прирачник.

Кога апликацијата ќе се инсталира, доволно е едноставно, со камерата од смартфонот, да го скенирате било кој дел, односно команда во автомобилот за која ви е потребно објаснување. На екранот на телефонот ќе се појави жолт круг околу командата која треба а се објасни, а корисникот тогаш треба само да го допре симболот на екранот за веднаш да добие објаснување за одбраниот сегмент.

На пример, возачот за прв пат сака да го провери нивото на масло во новата „Insignia“ и бара каде се наоѓа мерачот за масло во моторот. По скенирањето на моторот со смартфонот, „myOpel Manual“ прирачникот на екранот ќе ги покаже сите резервоари и отвори кои му се важни на возачот- и секако, каде се наоѓа прачката за мерење на маслото, како и релевантен дел од текст од прирачникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП