29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва емоџи слави 40 години. Колку често го користите?

Ова емоџи слави 40 години. Колку често го користите?

Во светот на дигитална комуникација без изрази на лицето и говор на телото, емотиконите и емоџи се исто толку важни како интерпункцијата.

Ги користиме природно за да го нагласиме нашиот тон и емоции.

По две години социјално дистанцирање поради пандемијата, тие станаа речиси неизбежни.

Но, оние кои први дошле до идејата за дигитална иронија веројатно не можеле ни да замислат колку оваа икона ќе полета.

Сè започна на американски универзитет пред 40 години кога беа измислени емотикони – стандардни интерпункциски знаци кои се групирани заедно за да означуваат изрази на лицето, првенствено насмевка 🙂

Модерните емотикони, пак, ги покриваат сите аспекти на животот, од гримаси до гестови со раце, од разни предмети до временските услови.

„Тие нагласуваат како да се разбере изјавата“, вели лингвистот Ерика Линк од Универзитетот во Бон, која го истражува јазикот и комуникациите во дигиталните медиуми.

Во комуникацијата лице в лице, изразите на лицето, гестовите и тонот на говорникот се важни за разбирање на она што сакате да го нагласите, на пример иронијата.

Кога го имплементирал емотиконот на неговиот универзитет во Питсбург во 1982 година, американскиот компјутерски експерт Скот Е. Фалман се надевал дека тоа ќе спречи недоразбирања во дигиталната комуникација, кои во тоа време се случувале преку училишниот систем ББС, односно електронската огласна табла.

Тогаш, системот најмногу го користеа гиковите склони кон сарказам, изјави Фалман за германскиот весник Frankfurter Rundschau претходно оваа година.

Но, на многумина им беше тешко да го разберат сарказмот и сериозно возвратија, па следеа вистински „војни на зборови“, вели тој.

Луѓето потоа почнаа да разговараат за етикетирање на нивните шеги како такви, но дури и тоа на почетокот не беше сфатено сериозно.

Меѓутоа, во 1982 година, Фалман објавил предлог кој би имал далекусежни импликации кои тој тешко можел да ги предвиди – комбинација од две точки, знак минус и заграда.

Така се роди „смајли“, што требаше да значи дека корисникот се шегува или зборува со добра намера.

Подоцна рече дека го замислил како привремена забава за другите корисници, но брзо полета и почна да се шири надвор од универзитетот, поттикнато од ширењето на интернет.

Златното доба на емотиконите

Денес, емотиконите не се користат само за да покажат како треба да се разбере изјавата, туку се повеќе ги заменуваат интерпункциските знаци, рече Линк.

Кога на пример наместо точка на крајот од реченицата се користи икона, нејзиното значење станува „експресивно“, рече лингвистот.

Емоџите помагаат и да се направи комуникацијата поекономична. Така, „подигнат палец“ е брза порака дека соговорникот се согласува.

Од друга страна, отсуството на емотикони во пораката исто така има значење и често се користи за да се изрази посериозен тон.

Многу луѓе развиле чувство кога да користат емотикони и кога да ги изостават, рече Линк.

Но, таа верува дека на долг рок иконите се повеќе ќе се користат во формалната комуникација.

„Триумфот на емотиконите е незапирлив“, рече таа.

Сепак, ова никогаш целосно нема да го елиминира ризикот од недоразбирање, велат научниците, бидејќи дури и значењето на емотиконите понекогаш може да биде двосмислено, а луѓето имаат тенденција да ги користат во различни контексти со различни значења.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП