2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКакво нуклеарно оружје има Русија? „Рaкета може да стигне до Лондон за...

Какво нуклеарно оружје има Русија? „Рaкета може да стигне до Лондон за 20 минути“

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот дека поседува „различно оружје за уништување“ откако ги обвини светските лидери за „нуклеарна уцена“ против неговата земја.

„Доколку е загрозен територијалниот интегритет на нашата земја, ние без сомнение ќе ги искористиме сите расположливи средства за да ги заштитиме Русија и нашиот народ – ова не е блеф“, рече Владимир Путин во вонредното телевизиско обраќање до нацијата.

Пораката веќе предизвика реакција во Обединетото Кралство, а британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека никакви закани и пропаганда не можат да го сокријат фактот дека Украина победува во војната, пишува Sky News. Но, какво нуклеарно оружје всушност има Русија и каква штета би можела да направи?

Колку нуклеарно оружје има Русија?

Според Федерацијата на американските научници, Русија има вкупно 5977 нуклеарни боеви глави – најмногу во светот. За споредба, САД имаат 5428, Франција 290, а Велика Британија 225 боеви глави. Приближно 90% од сите нуклеарни боеви глави се во сопственост на Русија и САД.

Билтенот на атомски научници наведува дека рускиот арсенал содржи 4.447 боеви глави, од кои 1.588 се распоредени на балистички ракети и бази на тешки бомбардери. Постојат 977 дополнителни стратешки боеви глави, заедно со 1.912 нестратешки боеви глави, кои се чуваат во резерва.

Сепак, експертите рекоа дека точниот број на боеви глави и оружје не е познат поради тајноста околу безбедносните стратегии.

Каква закана претставува тоа оружје за Украина и светот?

Интерконтиненталните балистички ракети (ICBM), кои ги поседува Русија, имаат способност да стигнат и да ги уништат големите светски градови како Лондон или Вашингтон. ICBM може да достигне максимална брзина околу 10 минути по лансирањето, што значи дека една ракета истрелана од Русија може да стигне до Обединетото Кралство за само 20 минути.

Во март, Путин предизвика загриженост ширум светот откако ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност. Во тоа време, експертот за одбрана Ричард Баронс изјави за Sky News:

„Путин почна да инсинуира дека нуклеарното оружје може да се користи на глобално ниво. Тоа значи интерконтинентални балистички ракети кои можат да стигнат до САД и Европа. Боевата глава има моќност од 300 до 800 килотони ТНТ. Околу 300 килотони се доволни за уништување на Вашингтон или Лондон или Париз. Влоговите околу Украина сега станаа глобални. Во основа, со отворањето на прашањето за нуклеарното оружје, остатокот од западната хемисфера сега е на истото поле за игра како Украина“.

Тој додаде дека и други оружја може да предизвикаат големо уништување, на пример, топот 2S7 – калибар 203 мм – има дострел од околу 37 километри и испукува граната тешка 110 килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП