18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwitter излегува на берза

Twitter излегува на берза

twitter2

Акциите на „Twitter“ ќе бидат пуштени на берза, соопшти глобалната социјална мрежа со седиште во Сан Франциско.

Американските медиуми веднаш ја пренесоа веста за излегувањето на „Twitter“ на берзата, тие потенцираа дека оваа компанија ќе излезе со иницијална јавна понуда пред известиторите.

Компанијата на почетокот на оваа година соопшти дека има „повеќе од 200 милиони“ активни корисници, иако некои аналитичари наведуваат дека тој број е значително поголем.

Аналитичарите ја проценуваат вредноста на „Twitter“ на околу 10 милијарди долари.

Социјалната мрежа „Facebook“ излезе на берзата во мај 2012 година, но дури во август оваа година успеа да се врати на почетните 38 долари за акција на електронската берза „Nasdak“, цена која всушност беше почетната цена за акциите на „Facebook“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП