28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПротести против мобилизација во руските градови, повеќе од 1.000 уапсени

Протести против мобилизација во руските градови, повеќе од 1.000 уапсени

Вечерва во Русија се уапсени најмалку 1.054 лица во 38 градови кои протестираа против најавената мобилизација, соопшти невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на акциите на полицијата.

Рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во Русија и затоа руското движење „Весна“ (Пролет) повика на серуски протести против мобилизацијата.

Властите, сепак, предупредија дека ќе бидат најстрого казнети.

Активистите преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните да се соберат во 19:00 часот во центарот на градот.

Руското регулаторно тело за медиуми (Роскомнадзор) ги предупреди медиумите дека ќе бидат „веднаш блокирани“ доколку шират „лажни информации“ за мобилизацијата.

Московското обвинителство потсети дека поканите за „неусогласени дејствија“ и учество во нив се казниви и дека се заканува кривична одговорност, со казна затвор до 15 години.

Поголема група Руси денеска слетаа на белградскиот аеродром, бегајќи од војната и мобилизацијата што утринава ја најави претседателот на Русија, Владимир Путин. Во интервју за порталот Nova.rs велат дека се исплашени, дека Путин е убиец кој ги тера во конфликт што не го сакаат. Низ солзи кажаа дека се плашат за своите семејства и дека во Белград најмногу ќе престојуваат кај роднини, пријатели или членови на семејството кои веќе дошле таму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП