понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден: Русија сакаше војна

Бајден: Русија сакаше војна

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека Русија „бесрамно ги прекршила основните начела“ на Повелбата на ОН со нејзината „брутална, непотребна војна“ во Украина.

Американскиот претседател, говорејќи на годишното Генерално собрание на ОН, денеска рече дека обидот за „бришење на суверена држава од картата“ од страна на член на Советот за безбедност на ОН е навреда за срцето на она за што се залага ОН.

„Голата агресија“ на Русија во Украина е за „згаснување на правото на Украина да постои како држава“, рече Бајден, додавајќи дека извештаите за злоупотребите наводно извршени од руски војници врз цивили „треба да ви ја заладат крвта“.

„Путин денеска отворено и се закани на Европа со нуклеарно оружје. Сега тој повикува на нови војници да се приклучат на војната. Кремљ организира нелегални референдуми за припојување на териториите на Украина кон Русија. Путин вели дека Русија била загрозена, но никој не и се заканувал на Русија и никој друг не го видел конфликтот. Предупредивме дека доаѓа. Зборовите на Путин ја открија неговата цел и пред инвазијата, тој рече дека Украина никогаш немала вистинска државност“, рече Бајден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП