18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон најави пакет помош за бизнисите од 40 милијарди фунти

Лондон најави пакет помош за бизнисите од 40 милијарди фунти

Британската влада најави помош од повеќе милијарди фунти за да им помогне на компаниите во услови на зголемени сметки за енергија кои се закануваат да ги турнат бизнисите во финансиски колапс, пишува „Bloomberg“.

Според планот објавен во денеска, владата ќе ги ограничи големопродажните цени на енергијата што влегуваат во договори за гас и електрична енергија за бизнисите за шест месеци. Лондон потоа ќе изврши преглед за да утврди дали е потребно продолжување на поддршката за засегнатите сектори.

Ограничувањето на цените за бизнисите е поставено на 21,1 пени за киловат час за електрична енергија и 7,5 пени за гас, потврди владата откако „Bloomberg“ ги објави бројките во вторникот. Ова би наметнало попуст од околу 50% на зимскиот договор за снабдување со електрична енергија и 25% на гасот за следниот месец, но точниот попуст зависи од тоа кога ќе се потпише договорот.

Владата се обидува да ги заштити британските бизниси од најлошите ефекти на високите цени на енергијата, кои растат откако Русија го прекина протокот на гас преку гасоводите кон Европа.

На пакетот на британската влада, кој би можел да достигне 40 милијарди фунти, му претходат 130 милијарди фунти обезбедени од канцеларијата на премиерката Лиз Трас како компензација за домаќинствата.

Во вторникот, Трас предупреди дека постои ризик од затворање на многу бизниси поради високите сметки за енергија.

„Затоа е правилно Владата да ги преземе овие мерки“, посочи таа.

Деловните трошоци за енергија во Британија не се ограничени како цените за домаќинствата регулирани од „Ofgem“, и како резултат на тоа многу мали бизниси може да згаснат.

Како и бизнисите, пакетот опфаќа организации од јавниот сектор, добротворни организации и потрошувачи во Северна Ирска кои не се вклучени во поширокиот потрошувачки пакет кој веќе е објавен.

Дури и со владина помош, бизнисите сепак ќе плаќаат многу повисоки трошоци од вообичаеното за да продолжат да работат. Пред да почнат да растат цените на енергијата минатата година, цените на големо останаа релативно стабилни со години на околу 5 пени за киловат час за електрична енергија и 4 пени за гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП