28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧеститка за Денот на независноста на Малта од почесниот конзул проф. д-р...

Честитка за Денот на независноста на Малта од почесниот конзул проф. д-р Кочо Анѓушев

Почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на независноста на Малта, со желби за социјална и економска благосостојба на народот на Малта, како и  продолжување на демократскиот придонес на државата во рамките на Европската Унија.

Почесниот конзулат на Малта, отворен во Скопје во 2021г, е показател за посветеноста на двете земји за проширување на соработката, поврзување на македонските и малтешките компании и пазари, и обезбедување поддршка и сервис за граѓаните.

Малта е една од најпросперитетните економии во Европа и е членка на Европската унија од 2004г.

Годинава Малта одбележува 58 години независност, стекната од Обединетото Кралство во 1964 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП