Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров на својот канал Телеграм објави за новата тактика на „специјалните операции“ во Украина.
-Преминуваме кон нова тактика на специјалната операција против “укронацистите”. Разговарав за сите детали со Магомед Даудов, шефот на Оперативниот штаб на Република Чеченија за спроведување на операцијата. Непријателот наскоро ќе се соочи со најтешките последици од новиот план за одмазда. Сите наши претходни постапки сега ќе им изгледаат како детска игра. Наскоро за украинските сили ќе биде многу, многу лошо. Запомнете ги овие зборови, напиша Кадиров на својот канал на Телеграм.


